More

    Фиго и на 51 година приреди атракција

    spot_img

    Прочуениот бек на Милан, Каха Каладзе беше еден од домаќините на пријателскиот меч во Батуми, Грузија кој се одигра меѓу ветерани на Интер против ветерани од грузискиот фудбал.

    Покана доби и нашата легенда која влезе како замена и која уште еднаш го потврди статусот кој го ужива во Интер и 14 години после незаборавната сезона, а од клупа влегоа и Фреј, Галанте, Колонезе, Борха Валеро, Карја, Паласио и Суазо.

    Во прв состав беа Жулио Цезар, Маикон, Лусио, Матераци, Кордоба, Занети, Камбијасо, Карагунис, Снајдер, Фиго и Милито.

    – Знаев дека ќе треба да го заменам Снајдер за брзо време, среќен сум што видов толку многу мои поранешни играчи, чест е да се биде тука. Искрено, многу е тешко, ова беше мојот прв 11 на 11 натпревар откако се пензионирав, но годините одминуваа, а квалитетот на овие фудбалерите секогаш останува ист. Ова е фантастична група и задоволство е што сме заедно по толку многу години, ова е добро за нас. Исто така сакаме да ги поздравиме останатите момци кои не се тука со нас – изјави Пандев по мечот.

    Интер победи 2:0 со двата погодоци на Фиго, од кои едниот велемајсторски.

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img