Европската унија усвои директива за еколошки злосторства кои вклучуваат загадување предизвикано од бродови, употреба на жива и незаконско исцрпување на водните ресурси, но таа нема да се однесува на злосторства извршени надвор од ЕУ.
Оваа директива ги криминализира случаите споредливи со екоцид – незаконски или непромислени дејствија извршени со знаење дека постои голема веројатност за сериозна и широко распространета или долгорочна штета на животната средина предизвикана од овие дела“.
За кривични дела каде што се сторени прекршувања на животната средина кои би доведоа до смрт, тие можат да бидат осудени на 10 години. Компаниите ризикуваат казни од три до пет отсто од вкупниот годишен промет или 24 или 40 милиони евра.
Законодавците не се согласија да ги прошират овие обврски на прекршоци извршени надвор од ЕУ во име на компаниите на ЕУ, но поединечните земји-членки може да изберат да го сторат тоа.
Вирџинијус Синкевичиус, комесар на ЕУ за животна средина, океани и рибарство, рече дека еколошките злосторства се сериозни, профитабилни и во пораст. Годишните приходи од нелегалниот пазар на отпад во ЕУ, на пример, се движеа меѓу четири и 15 милијарди евра. Еколошкиот криминал е главниот извор на приход за организираниот криминал покрај дрогата, оружјето и трговијата со луѓе.
„ЕУ усвои нов закон со кој се препознава нивната тежина, особено кога се уништуваат големи екосистеми. Нашето здравје зависи од состојбата на животната средина во која живееме, затоа мора да ги одвратиме криминалците кои се подготвени да ги уништат екосистемите за профит“.
Директивата за криминал во животната средина ќе биде формално усвоена на пролет, а земјите-членки потоа ќе имаат рок од две години да ја воведат во националното законодавство.
Директивата не го вклучува зборот екоцид директно. Сепак, во преамбулата се наведува дека се однесува на случаи кои можат да се споредат со екоцид. Поддржувачите на воведувањето на екоцидот како петто меѓународно кривично дело тврдат дека со измените на директивата во суштина се криминализира екоцидот.
Првата земја што го вклучи екоцидот како кривично дело на национално и меѓународно ниво е Белгија. Поединци на највисоките позиции за одлучување како и корпорации ќе можат да бидат обвинети за новововедениот криминал.