More

    Студентите ќе ги добиваат неделно парите за субвенциониран оброк

    spot_img

    Парите за субвенциониран оброк од денеска студентите  ќе ги добиваат неделно односно 840 денари вкупно  за 6 во неделата наместо дневната исплата од 140 денари.

    Тоа е овозможено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк и на барање на студентските организации.

    Министерството за образование и наука информираше дека секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк од денеска на својата трансакциска сметка ќе добива  840 денари наменети за купување производи за прехрана и парите ќе може да се искористат од понеделник до сабота.

    -На овој начин се зголемува практичноста на законското решение кое досега предвидуваше исплата на 140 денари на дневна основа – посочи МОН.

    Нема промена во условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Рокот за пријавување на студентите кои досега не го оствариле ова право или не ги исполнувале критериумите, е од 1 до 5 секој нареден месец преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img