More

    Ајкула го уби легендарниот актер од „Пиратите од Карибите“

    spot_img

    Легендарниот актер и сурфер Тамајо Пери (49), актер во филмот „Пиратите од Карибите“, почина вчера откако беше нападнат од ајкула додека сурфал на брегот на Оаху, Хаваи, објави Скај њус.

    Безживотното тело на Пери било пронајдено од локални сурфери во близина на плажата Малакахан на северниот брег на Оаху, а според видливите повреди, можно е Пери да претрпел многу повеќе од едно каснување од ајкула.

    Спасувачите го изнесле Пери на брегот, а болничарите веднаш констатирале смрт.

    Тамајо Пери е роден во 1975 година, израснал на источната страна на Оаху, но својата кариера ја изградил на Северниот брег, и како професионален сурфер, а подоцна и како спасувач. Почнал да сурфа на 12-годишна возраст, а додека бил тинејџер, Пери се сметал за „тивко локално момче кое морало да позајмува даски за сурфање бидејќи немало спонзори“.

    Според неговите пријатели и познаници, Пери бил „спасувач кој сите го сакале“. Неговата личност била „заразна“ и колку што луѓето го сакале, тој повеќе ги сакал нив.

    – Тамајо беше легендарен спасувач и многу почитуван – рече градоначалникот на Хонолулу, Рик Бланџијарди, нарекувајќи ја смртта на Пери „трагична загуба“.

    Харизмата на Пери и неговите вештини му донесоа и улоги во хитовите од 2002 година „Изгубени“, „Пиратите од Карибите“ и „Хаваи 5-0“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img