Платите на функционерите ќе замрзнат ама со вклученото зголемување

Lorita
By Lorita 10 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Платите на функционерите ќе замрзнат на сегашното ниво кое во себе го содржи ланското зголемување од 78%, но нема да го реши прашањето системски, велат поранешни пратеници, откако вчера нивни колеги од СДСМ предложија измени на 6 закони со кои се намалува коефициентот за пресметка на плата на избраните функционери. Тие сметаат дека реакцијата на пратениците е задоцнета, но сепак ќе придонесе платите на функционерите да не се зголемат за дополнителни 15% поради растот на просечната плата која е основица за нивна пресметка.

Владата ги оцени овие измени како најдобро решение во моментот, а техничкиот министер за труд и социјална политика смета дека ова е ад хок решение што не го решава проблемот.

Пратениците на СДСМ и коалицијата во Собранието поднесоа измени на Законот за платите и други надоместоци на избрани и именувани лица, Законот за пратениците, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, Законот за платите на судиите, Законот за платите на јавните обвинители и Законот за платите на членовите на судски совет, сите по скратена постапка.

Целта на измените, како што образложија, е да се спречи зголемувањето на функционерските плати, кои беа зголемени за 78 проценти во март лани, откако Уставниот суд ја укина фиксната основица. Собранието на денешната седница одлучи измените на овие закони да се носат во скратена постапка. За предлог-измените сега треба да расправаат собраниските комисии, по што ќе треба да ги донесе Собранието.

Ако бидат изгласани овие предлог закони, тогаш во пресметката на платите на функционерите останува основ да биде просечната плата во државата во претходната година според пресметките на статистика, но се менува висината на коефициентите кои досега се движеа во распон од изнесуваат од 2,20 до 4,50, а сега се предлага да се движат од 1,91 до 3,92.

Така коефициентот за пресметка на платата на претседателот на државата, премиерот и претседателот на Собранието од 4,50 се намалува на 3,92.

Коефициентот за утврдување на платата за претседател на Уставниот суд, потпретседател на Собранието и потпретседател на Владата, од 4,00 се намалува на 3,48.

Коефициентот за утврдување на платата на член на владата, претседател на работно тело на Собранието, претседател на врховниот суд, јавен обвинител, судија на Уставниот суд, гувернер на Народната банка, јавен правобранител, народниот правобранител, секретар на собранието и секретар на владата, од 3,70 се намалува на 3,22.

Потоа коефициентот за заменик министер, директор на републичка организација, раководител на Кабинетот на претседателот на државата, неговите советници, секретарот на Кабинетот на претседателот како и републичките советници во Собранието, заменик на гувернерот на Народната банка, заменик на секретарот на Собранието, судија на Врховниот суд, заменик на јавниот обвинител, заменик на јавниот правобранител, заменик на народниот правобранител, претседател на апелацискиот суд и виш јавен обвинител, од 3,40 се намалува на 2,96.

- Advertisement -
Ad image

Коефициентот за утврдување на платата на раководен работник кој го именува Собранието или кој го назначува надлежното тело на Собранието, на судија на апелациски суд и заменик на вишиот јавен обвинител, претседател на основен суд и основен јавен обвинител, од 3,20 се намалува на 2,79

Коефициентите за утврдување на платите на градоначалниците на општините и за градоначалникот на град Скопје кој изнесуваше од 2,70 до 3,70 сега се намалува на 2,35 односно на 3,22.

– за градоначалник на општина до 10.000 жители, коефициентот се намалува од 2,70 на 2,35
– за градоначалник на општина од 10.001 до 25.000 жители коефициентот се намалува од 2,90 на 2,52

- Advertisement -
Ad image

– за градоначалник на општина од 25.001 до 50.000 жители, коефициентот од 3,20 се намалува на 2,79

– градоначалник на општина со над 50.000 жители коефициентот од 3,40 се спушта на 2,96, а коефициентот за утврдување на платата на градоначалникот на град Скопје изнесува од 3,70 се намалува на 3,22.

Бруто-просечната плата за 2023 година за пресметка на плати изнесува 57.609 денари, па ако се помножи со коефициентите се добива бруто–плата на секој функционер, без пресметан стаж и надоместоци.

Така бруто платите на претседателот на државата, премиерот и собранискиот спикер со новите коефициенти, без стаж и додатоци треба да изнесуваат 225.827 денари, односно нето 143.526 денари. Доколку се пресметаат со актуелните коефициенти, без стаж и додатоци, бруто-платата би изнесувала 259.240 денари бруто односно 164.763 денари нето.

Поранешниот пратеник Маријанчо Николов смета дека на овој начин е направен чекор за зауздување на платите на функционерите и доколку не би се направило тоа нивните плати би се зголемиле за нови 15%. Тој смета дека ова е доцна направено бидејќи една година функционерите земаат за 78% повисоки плати што предизвика силни реакции и негодување кај граѓаните.

– Останува отворено прашањето зошто не се реагираше многу порано за да се регулира прашањето? Предлогот е добар, но можеше порано да се реагира бидејќи имаше и побезболно решение кои би ги регулирало платите уште лани без да има толкави реакции во јавноста, а платите на функционерите би биле далеку понормални и во рамки на економската состојба. Така можеше да се донесе одлука која немаше да биде против одлуката на Уставниот суд и да се утврди основица на пресметка на плата да биде 80% или 90% од просечната плата со што платите на функционерите наместо да се зголемат за 78% би се зголемиле за 20 до 30% или основицата од 26.000 би пораснала на 27.000 денари, а не на 31.000 денари. Тоа би било во согласност со економските услови и стандардот во државата. Но, не се реагираше, па сега се предлага намалување на коефициентите што ќе оневозможи годинава платата на функционерите да не расте – вели Николов.

Според него, функционерите кои се бираат од народот треба да ја делат и неговата судбина иако можеби имаат поголема одговорност од останатите работници.

Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оцени дека предлогот на пратениците од СДСМ се прави минорна измената за замрзнување на покачувањето на платите на функционерите.

– Направено е прекршување на самото усогласување коешто требало да започне претпоставувам многу порано не наеднаш кога се случија тие 78 проценти, така што некој којшто прави само ад хок решенија се случува тоа што се случи пред година дена од денеска. Сега е минорно што тие прават измена, односно го замрзнуваат делот на покачување на сегашните плати, така што ако се следат како решенија доаѓаме до една ситуација да бидат и сите граѓани незадоволни, а процентот на зголемување на платите на функционерите да биде на ниво како што беше и реакциите да бидат нормални од страна на граѓаните какви што беа – рече Велковски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, смета дека треба што поскоро да се донесат законските измени за платите на функционерите предложени од пратеничката група на СДСМ и оценува дека тоа е најдоброто можно решение во моментов.

– Искрено, мојот личен став е дека би требало да бидат усвоени најбрзо што е возможно, а за другото ќе видиме дали е возможно владата воопшто да донесе одлука, но мојата порака ќе биде до сите директори согласно нивните надлежности, нивните управни и надзорни одбори ако Владата не е во позиција да донесе одлука заради членот 8 а којшто произлегува од Изборниот законик тоа да го направат самите – рече Битиќи.

Уставниот суд лани ја укина фиксната основица за пресметка на платите на функционерите со што нивните плати се зголемија за 78%, што предизвика низа реакции кај останатите вработени во земјава кои во текот на целата година бараа покачување и на нивните плати.

Share This Article