More

    Ослободителна пресуда за Сашо Мијалков и за Тони Јакомовски

    spot_img

    После повеќегодишно влечкање низ судските лавиринти, Основниот суд собра храброст да му покаже на Јавното обвинителство дека не е доволно да се направи прес конференција, да се добие поддршка од медиумите и да се конструира предмет во кој што обвинетите однапред би биле осудени. Основниот суд во повторената постапка по предметот „Трезор“ пресуди дека ЈО целосно потфрлило во предметот „Трезор“, односно дека истиот е базиран на сомненија кои немаат основа и кои ЈО не можело да ги докаже.

    За разлика од пресудата донесена пред три години, Основниот суд сега не дозволи да суди само врз основа на впечатоци, а не и на докази, ниту пак дозволи нечија желба за политичка елиминација да биде главниот аргумент некој да биде прогласен за виновен. Наместо тоа, судот реши да ги почитува напатствијата дадени од Апелација која се обиде да ги нотира сите недоследности во првата првостепена пресуда.

    Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и неговиот шеф на кабинет Тони Јакомовски се целосно ослободени од вина во првостепената постапка која по втор пат се водеше пред основниот суд.

    ЈО во повторената постапка одби да тера инает и да си поигрува со човечки судбини

    Целиот предмет, уште од самиот почеток беше базиран на сосема погрешни претпоставки за кои не постоеја никакви докази. ЈО тргна од претпоставката дека се работело за наместена набавка со која е направена штета на буџетот, за сметка на користа која ја остварила фирмата набавувач на опремата. За оваа основна претпоставка ЈО не се ни потрудило да обезбеди економско вештачење преку кое би ја докажало. Во тој контекст ЈО претпоставувало дека би било поевтино опремата да се набавувала директно од производителот, без да прибави доказ за тоа, ниту да објасни сите апарати на кои што работат дали се набавени од производителите или од нивните импортери во земјата. ЈО претпоставуваше дека Мијалков тогаш одел во Лондон да се договара со производителот, а меѓународната помош испратена преку британските истражни органи најдиректно ја демантираше оваа претпоставка. ЈО претпоставуваше дека Мијалков им наредувал на Ѓоко Поповски и останатите задолжени за набавката, а тие под заклетва пред судот ги негираа овие сомнежи.

    Во 2022 година Апелациониот суд утврди „суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“.

    Тогаш Апелација јасно им предочи на ЈО и на судот што треба да се корегира во повторената постапка за пресудата да биде законска, основана и праведна.

    Во изреката со која Апелација ја поништи првостепената пресуда и ја врати на повторно судење, меѓу другото стоеше: „… При повторна анализа и оцена на изведените докази, првостепениот суд со сигурност да утврди дали со преземените дејствија на обвинетите на начин како што е опишано во обвинението, настанала штета на буџетот на РМ и доколку настанала, да го утврди точниот износ, да утврди кои противправни дејствија ги презеле со кои евентуално би се исполниле субјективните и објективните елементи на кривичното дело од чл. 353 став 5 в.в. со став 1 од КЗ. Во таа насока, да ги утврди фактите и околностите во врска со спроведената постапка за јавна набавка, дали истата е спроведена законито, учесниците во истата, за да може да цени дали противправните дејствија кои ги презеле обвинетите претставуваат дејствија на извршување на некои од алтернативно дадените облици на дејствието на извршување од чл.353 од КЗ. Откако судот ќе постапи по наведените укажувања, ќе биде во можност правилно да ги утврди сите решителни факти што се од битно влијание за законито одлучување за постоењето на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите и нивната кривична одговорност и да донесе законита одлука со аргументирани причини, за да може истата во целост и со сигурност да се испита“.

    Очекуван исход, дали ЈО ќе ја обжали пресудата и ќе прави нови трошоци?

    Наместо да размисли дали има начин ЈО да постапи по овие наводи и доколку нема, да се повлече од предметот, ЈО одлучи да го продолжи без изведување на ниту еден нов доказ и без почитување на напатствијата дадени од повисокиот суд.

    Напротив, од повторното започнување на постапката во февруари минатата година, ЈО единствено ги пренесе исказите на сите сведоци без ниту една измена, иако истите беа во полза на обвинетите, а не на обвинението. ЈО побара надвор од закон судот да застане на нивна страна и да се претвори во истражен орган давајќи им наредба за вештачење кое самите не го иззработиле. Ова нивно барање беше одбиено како неосновано. ЈО единствено изврши преквалификација бидејќи со измените во Кривичниот законик отпадна ставот по кои ги гонеше обвинетите. И покрај преквалификацијата, ЈО не понуди ниту еден нов доказ во насока на новото обвинение. Најголемиот дел од предметот застаре, па остана да се годат само дел од обвинетите во врска со анексот за одржување на опремата.

    После сето ова сосем очекуван беше ваквиот исход на процесот, но останува да се види дали ЈО ќе ја обжали пресудата и ќе прави дополнителни трошоци во постапката или ќе прифати дека одбраната аргументирано го доби овој предмет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img