More

    Том Круз ја прекинал врската со 36-годишната Русинка, Елсина Кајрова

    spot_img

    Том Круз ја прекинал врската со 36-годишната Русинка, Елсина Кајрова. Пред само неколку дена 61-годишниот актер ги запознал нејзините деца, објави Сан.

    Пријател на Том Криз за странските медиуми изјавил дека токму актерот сакал да ја прекине врската, но дека се труди да остане во добри односи со Елсина бидејќи живеат во иста зграда во Лондон.

    – Би било непријатно да ја прекинете врската на лош начин, а потоа да се сретнете во лифт. Нема лутина меѓу нив – открива изворот за британските медиуми.

    За романсата на славниот холивудски актер и руската манекенка почна да се зборува откако на крајот на декември минатата година беа видени заедно на забава во Лондон, на која Том и Елсина не се одвојуваа еден од друг.

    Елсина Кајрова е поранешна манекенка која претходно беше во брак со рускиот олигарх Дмитри Цетков (43), со кој делеше куќа од 18 милиони фунти во Лондон. Нивниот развод се најде на насловните страници откако Кајрова беше обвинета дека криела значителни средства од нејзиниот поранешен сопруг, вклучувајќи ја и колекцијата на чанти од 1 милион фунти.

    Поранешниот сопруг на Елсина Кајрова, го предупреди Том Круз „да внимава“ на својот паричник кога е Елсина поккрај него.

    – Том Круз подобро да го држи отворен својот паричник – мојата поранешна сопруга потроши 12 милиони фунти на облека и чанти за време на нашиот 11-годишен брак – предупреди со иронија рускиот милијардер Дмитри Цетков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img