Повеќе европски држави, дел од нив членки на Шенген-зоната, дозволуваат влез и излез на нивните гранични премини со пасош со старото уставно име – Република Македонија, покажува праксата од изминатите неколку дена, вели доброупатен дипломатски извор за „360 степени“.
Од членките на ЕУ и на Шенген, станува збор за Германија, Швајцарија и Бугарија, а нивниот пример не е исклучено да го следат и други држави во Европа. Во овие земји има бројна дијаспора од Македонија, која е со постојан работен ангажман, па државите не сакаат да ја стават во ризик домашната економија, со оглед на проблемите со замената на патните исправи на македонските државјани согласно роковите во Преспанскиот договор.Од земјите во регионот, со стар пасош може да се патува и во Албанија и во Косово.
Официјално известување или потврда за ваквите одлуки не треба да се очекува од овие држави или барем од повеќето од нив зашто не би сакале да се доведат во непријатна позиција пред Грција, вели изворот на „360 степени“.