Швајцарската полиција започна истрага за натписот во продавница за изнајмување скии во познатиот ски-центар Давос, на кој пишува дека продавницата повеќе нема да изнајмува скии и санки на Евреите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Швајцарската полиција започна истрага за натписот во продавница за изнајмување скии во познатиот ски-центар Давос, на кој пишува дека продавницата повеќе нема да изнајмува скии и санки на Евреите.

Откако веста стигна до медиумите, продавницата во Давос ги отстранила таблите напишани на хебрејски. Критичарите ги обвинуваат за кршење на швајцарските закони против дискриминација и поттикнување расна или верска омраза, пишува Си-ен-ен.
Швајцарската федерација на еврејските заедници започна правна постапка и ги осуди написите како јасно дискриминаторски.

Знаците поставени на излозите на продавниците ги информираа клиентите дека поради инцидентите, меѓу кои имало и кражби, тие повеќе не изнајмуваат спортска опрема на „нивните браќа Евреи“.

Продавницата која е во склоп на ресторанот „Пиша“, во првото соопштение по инцидентот порача дека луѓето често не ја враќаат опремата и дека персоналот не сака повеќе да се занимава со барање санки во планините.

Сепак, 24 часа по поставувањето, написите биле отстранети.

 

– Секоја форма на антисемитизам, расизам и дискриминација мора да биде осудена. Тоа не му припаѓа на Давос –  изјави градоначалникот на Давос, Филип Вилхелм, за швајцарските медиуми.

Менаџерот на продавницата се извини и рече дека плакатот е „лошо формулиран“. Еврејските клиенти се добредојдени, рече тој.

Но швајцарските антирасистички групи истакнуваат дека таргетирањето на цела расна, верска или етничка група поради наводното лошо однесување на неколкумина е посериозно од несмасна формулација. Тие велат дека тоа е класичен знак на расизам и дискриминација.

- Advertisement -
Ad image

Подобар начин да се спречат кражбите и оштетувањата, велат тие, би било да се направи она што многу продавници за изнајмување скии веќе го прават: да ги земат личните податоци и информациите за кредитните картички на клиентите.

Ова не е првпат инциденти со Евреи да се случуваат во Давос, местото на одржување на Светскиот економски форум. Одморалиштето стана популарно меѓу православната еврејска заедница во Израел, чии припадници го посетуваат во сè поголем број, а шефот на туристичкиот одбор рече дека имало случаи кога гостите не ги почитувале своите домаќини.

Неодамна беше формирана работна група за решавање на тензиите меѓу туристите и домаќините. Двете страни се согласија дека има потешкотии.

- Advertisement -
Ad image

Но, со оглед на порастот на антисемитизмот низ Европа по избивањето на војната во Газа, грешката на компанијата за изнајмување скии од многумина се гледа не само како глупава, туку и како расистичка.

Share This Article