Ноќен напад врз Харков предизвика голем пожар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најмалку седум лица, од кои три деца, загинаа во пожарот што избувна како последица на синоќешниот руски напад со дронови врз Харков, соопштија украинските власти.

За жал, бројот на загинати во нападите на Харков се зголеми на седум. Меѓу нив има три деца на возраст од седум, четири години и шест месеци“, напиша на Телеграм Олех Синехубов, шеф на регионот Харков.

Украинските власти претходно соопштија дека руски беспилотни летала удриле во бензинска пумпа во текот на ноќта, а како резултат на овој удар се излеало гориво и пожарот се проширил на 14 станбени згради на површина од 3.700 метри квадратни.

Во моментов пожарите се гаснат и се утврдува бројот на жртвите, јавуваат украинските медиуми. Украинското воздухопловство утринава соопшти дека руските сили лансирале 31 беспилотно летало „Шахед-136/131“ во Украина, од кои 23 се уништени.

Мета биле регионите Харков и Одеса, а во нападот во областа Одеса повредени се четири лица.

Share This Article