More

    Плаќаа билети од 450 евра, а тој воопшто не заигра

    spot_img

    Спортските челници во Пекинг ги откажаа двата пријателски натпревари кои Аргентина треба да ги одигра идниот месец во Кина, откако ѕвездата на актуелниот светски првак Лионел Меси не настапи во егзибицискиот дуел со својот Интер Мајами пред 40.000 гледачи во Хонг Конг.

    Аргентинската фудбалска репрезентација треба да замине на турнеја во Кина од 18 до 26 март, за кога се закажани пријателски натпревари против Нигерија во Хангжу и Брегот на Слонова коска во Пекинг.

    „Засега Пекинг не планира да организира пријателски натпревар на кој се очекува настап на Лионел Меси“, пишува во денешното соопштение на Фудбалската федерација на Пекинг, под чија контрола е фудбалот во кинеската престолнина.

    Соопштение со слична содржина лиферуваше и Комитетот за спорт во Хангжу.

    Меси и американскиот клуб Интер Мајами ги разгневија навивачите кога аргентинската фудбалска ѕвезда остана на клупата за резервни играчи во неделата за време на пријателскиот натпревар против локална екипа во Хонг Конг. Како причина за отсуството на Меси беше наведена повреда.

    Најскапите влезници за натпреварот во Хонг Конг достигнаа цена од 450 евра.

    Незадоволните навивачи во меѓувреме побараа од организаторите да им бидат вратени парите се купените билети, а сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, беше исвиркан кога се обиде да ѝ се заблагодари на публиката што дојде на натпреварот.

    Меси се појави на теренот половина час во следниот контролен натпревар на својата екипа во Јапонија, што предизвика дополнителен гнев во Кина и обвинувања дека Меси намерно го урива угледот на Кина и ја фаворизира Јапонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img