More

    Мајка и син од Бугојно хоспитализирани – Мајката починала, а синот побегнал

    spot_img

    Изминатата ноќ околу 01 часот по полноќ во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, со возило на Итната медицинска помош била донесена Р.Б.(78) во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), двајцата од Бугојно, Босна и Херцеговина.

    Според пријавеното, Н.Б. ја напуштил болницата, а Р.Б. набрзо починала. Н.Б. е пронајден на улицата „Сирма Војвода” во Охрид и лишен од слобода. Телото на починатата е дадено на обдукција, се вели во Билтенот на СВР Охрид.

    Во билтенот нема информација од каква природа била хоспитализацијата на двете лица, како тие се нашле во Охрид, ниту зошто едното побегнало, а потоа било упасено.

    Во информацијата се наведува дека во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img