More

    ОХРИД ГО ЧЕСТВУВА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА КИРИЛ ПРЛИЧЕВ

    spot_img

    Во чест на ликот и делото на Кирил Прличев и по повод 80 години од неговата смрт, денеска во Спомен куќата на Христо Узунов се одржа пригодна свеченост, организирана од страна на Општина Охрид во соработка со Националната установа Завод и музеј.

    Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

    Месецот февруари во Охрид, традиционало се поврзува со семејството Прличев. Покрај великанот на македонската книжевност и преродба Григор Прличев, овој месец се поврзува и со името на неговиот син, големиот револуционер и општетвеник Кирил Прличев, кој се упокоил во Охрид пред 80 години. Во македонската историографија, дури од неодамна почна да се посветува повеќе внимание на дејноста и животот на Кирил Прличев.

    Општина Охрид и НУ Завод и музеј – Охрид, по втор пат ја одржуваат оваа манифестација, со која се одбележува 80 годишнината од смртта на големиот револуционер. Се надевам дека денес и најмладите ќе имаат можност да спознааат нови моменти од животот и делото на овој наш славен охриѓанец, а преку изложбата „Лица на револуцијата“ визуелно и со нивната фантазија да допрат до историските моменти од нашето минато.

    Верувам дека ваквите манифестации како локална самоуправа и во иднина ќе ги поддржуваме, бидејќи минатото е најздравиот темел за извесна иднинаистакна Божиновски во своето обраќање.

    На настанот присуствуваше внуката на Кирил Прличев, Олга Прличева која на претставниците на Завод и музеј им подари портрет од својот дедо. Портретот ќе биде дел од музејската поставка во Спомен куќата на Григор Прличев.

    За значењето на Кирил  Прличев во охридската и македонската историја, зборуваше м-р Михаил Патчев, по што следуваше културно – уметничка програма.

    Исто така учениците од општинските основни и средни училишта и присутните гости имаа можност да ја разгледаат изложбата „Лица на револуцијата“ од Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски.

    Кирил Прличев е македонски патриот, револуционер, публицист, журналист, идеолог и син на големиот преродбеник Григор Прличев. Бил учесник во Илинденското востание во четата на Христо Чернопеев. За време на Втората светска војна бил директор на Музејот во Охрид. Роден бил во Охрид, на 1 март 1875 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img