More

    По кусата посета на болниот крал, принцот Хари одлета во Лас Вегас

    spot_img

    Принцот Хари ја изненади јавноста појавувајќи се во Лас Вегас, на доделувањето на НФЛ наградите, еден ден откако во Лондон го посети својот татко, кралот Чарлс кој боледува од рак. Војводата од Сасекс полета во Лас Вегас само 24 часа по слетувањето во Лос Анџелес по патувањето во Лондон каде го посети својот болен татко со кого според извештаите, останал само 45-минути.

    Не се очекуваше принцот Хари да се појави во јавноста до следната недела кога беше најавено дека ќе отпатува со Меган во Канада на настанот Invictus Games, но тој ја шокираше толпата кога се појави да ја додели наградата „Волтер Пејтон“ за човек на годината. Победникот, одбранбениот играч на Питсбург Стилерс, Камерон Хејворд, беше подеднакво изненаден додека го прегрнуваше војводата, пред да извика: „Принцу проклет Хари“!

     

     

    Принцот Хари за прв пат се појави во јавност откако беше објавено дека кралот Чарлс е болен од рак, но на настанот тој не го спомена својот татко.

    Неколку часа претходно, кога присуствуваше на церемонијата на доделување награди со Том Круз во Лондон, принцот Вилијам и се заблагодари на јавноста за поддршката.

     

     

    Принцот Хари полета во Лондон со десетчасовен лет од Лос Анџелес во вторникот и пристигна во кралската резиденција во 14.42 часот каде поминал околу 45 минути со кралот Чарлс. Се верува дека војводата од Сасекс воопшто не се видел својот брат принцот Вилијам ниту пак ја посетил Кејт Мидлтон, која се опоравува од операција на абдоменот и е на продолжено отсуство.

    – Вилијам денеска покажа дека се откажал од Хари, не сака да го познава, а веројатно веќе не го ни сака. Хари едноставно не е дел од неговиот живот – изјави за Дејли Мејл кралскиот експерт Џени Бонд.

    Таа посочи дека принцот Вилијам не се ни сретнал со својот брат додека принцот Хари престојувал во Лондон.

    – Тој раскол сега е многу длабок, а тоа се покажа со фактот што Хари беше тука, а тие двајца не се ни сретнаа, толку длабок што навистина се прашувам дали некогаш воопшто може да се надмине – истакнува Џени Бонд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img