Земјотрес со јачина од трет степен утрово во 6.32 часот е почувствуван во Охрид и Кичево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда од 3,6 степени.
							
								
			

                               
                             
















		
		
		
		
		
		






