Во американскиот напад со дрон загинале и неговите телохранители

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ) соопшти дека во вчерашниот напад врз ирачка територија убиен е командант на шиитската група Катаиб Хезболах.

Нападот бил преземен како одговор на нападите врз американскиот воен персонал во регионот.

Убиениот командант на влијателната проиранска шиитска група е одговорен за директно планирање и извршување напади против американските сили на Блискиот Исток.

ЦЕНТКОМ наведе дека во нападот нема цивилни жртви. Исто така не го откри идентитетот на загинатиот командант.

Според медиумите командант Абу Бакр ал Саади бил убиен во напад со беспилотно летало врз возило во источен Багдад. Со него во возилото биле и двајца негови телохранители.

Share This Article