More

    Пејачката морала да ослабне поради болеста

    spot_img

    Српската пејачка Марија Шерифовиќ во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ откри со каков здравствен проблем се бори.

    За време на конфликтот со Вики Миљковиќ, Марија признала дека има дискус хернија.

    – Бев на диета затоа што имам дискус хернија, а тоа што сум дебела мислиш дека поради некого би ослабела? О Боже, тоа им го оставам на помалку талентирани пејачи, биди слаб бидејќи не знаеш да пееш – изјавила пејачката.

    Сè започнало од расправијата со Вики Миљковиќ, која на натпреварувачот му порачала дека треба да ослабе.

    – Ако не ослабете до следното појавување… Не може да има толку години и да се занимава со оваа работа ако… – се обидела да му каже Вики на Омар Јафероски, но Марија ја прекинала на почетокот, тврдејќи дека тоа е дискриминација.

    – Тоа така не се кажува во цивилизацијата, престанете да бидете тупави, невоспитани и се останато. Можеби дечкото има здравствен проблем и не може да ослабе. Не сте во право – одговорила Шерифовиќ.

    – Само сакам да кажам дека има начини тоа да се каже и да се реализира. Виолета има одвратен начин. Омар, ако се чувствуваш убаво во своја кожа, продолжи така, а ако мислиш дека подобро ќе се движиш, дишеш и пееш, тогаш продолжи и ослаби. И не, нема да го добиеш мојот глас ако не ослабеш – извикала Марија тврдејќи дека Виолета била непристојна.

    Дискус хернија е болест на дискот. Во најчестите случаи се јавува како резултат на дегенеративни промени, а понекогаш и како резултат на удар.

    Во текот на болеста може да дојде до испакнување на кој било диск, но најчесто го зафаќа лумбалниот дел на ‘рбетот.

    Некои од симптомите на оваа болест се: болки во грбот, болки во вратот, болки во мускулите, болки во градите, болки во долниот дел на грбот. Поради ова, физичката активност често е отежната, а може да се јават и главоболки, вртоглавица и вкочанетост на рацете, а во ретки случаи оваа болест бара хируршка интервенција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img