Руските бродови во Црното Море не можат да се поврзат со својата главна и клучна база – пристаништето Севастопол на Крим. Ова го тврди портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук, пренесува РБК Украина. Според него Русите не можат да користат ништо друго освен ракетни бродови, пренесува Јутарни лист во сопствена анализа.
Тоа им ги отежнува борбените мисии, а кокретно во нападите од 29 декември лани и 2 јануари оваа годинава не биле користени ракетни носачи. Плетенчук посочува дека забележал дека од 3 јануари руски „носачи на ракети“ воопшто не се забележани во Црното Море и покрај тоа што временските услови биле поволни за доведување на бродовите во оперативна состојба.
Од почетокот на војната Русија го загуби бродот „Москва“, а минатата недела бродот „Ивановец“ кој се проценува на 60 милијарди долари. „Киевска Правда“ пишува и дека Русите морале да повлечат дел од своите бродови во руското пристаниште Новоросијск и неговата база Очамчира во отцепениот грузиски парадржавен Абхазија.
Се смета дека Русија од почетокот на конфликтот загуби околу 25 од околу 80 бродови од различни типови.
Според Киевска Правда, Украина уништила руска подморница од класата „Кило“ и оштетила голем број московски десантни бродови, како „Минск“, „Саратов“ и „Оленегорск Горњак“.
Плетенчук истакна дека уште 15 руски бродови се на ремонти бидејќи биле онеспособени од украински проектили или поради технички дефекти. И британскиот министер за одбрана Грант Шапс неодамна изјави дека Русија изгубила околу 20 отсто од својата црноморска флота во последните четири месеци од минатата година, односно од септември до декември 2023 година.