More

    Унгарија го блокира влезот на Шведска во НАТО

    spot_img

    Не е сигурно дека Унгарија треба да ја одобри ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО, изјави доцна синоќа претседателот на унгарскиот парламент за локалната телевизија HirTV, сигнализирајќи за можно дополнително одложување на процесот. Унгарскиот процес на ратификација е закочен во парламентот од јули 2022 година, а Будимпешта изрази загриженост за членството на Шведска во НАТО поради критиките на шведските политичари за демократското назадување на Унгарија.

    Турција и Унгарија сѐ уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

    -Не ни треба сојузник кој така размислува за нас. Не е сигурно дека ќе гласаме за Шведска во НАТО- рече претседателот на унгарскиот парламент Ласло Ковер.

    Негативната реакција во Будимпешта ја предизвика краткиот шведски едукативен филм за студенти во кој се критикува состојбата на демократијата во Унгарија.

    Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто веќе испрати отворено писмо до својот шведски колега во кое нагласува дека барањето унгарскиот парламент да го ратификува членството на Шведска во НАТО и нападот врз унгарската демократија се меѓусебно контрадикторни.

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган даде зелено светло за прием на Шведска во НАТО на самитот на алијансата во Вилнус во јули. Шведска и Финска аплицираа за НАТО минатата година по руската инвазија на Украина. Финска доби зелено светло во април, но Шведска е задржана од Турција и од Унгарија. Будимпешта соопшти дека ќе го одобри шведското членство во НАТО штом ќе го стори тоа Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img