More

    Јапонија, исто така, го суспендира финансирањето на агенцијата на ОН за палестинските бегалци

    spot_img

    Јапонските власти денеска соопштија дека го прекинуваат финансирањето на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), поради обвинувањата на Израел дека некои негови вработени биле вмешани во нападот што го изврши палестинското движење Хамас на 7 октомври минатата година.

    УНРВА отпушти неколку свои вработени и вети темелна истрага, но сепак Израел одлучи да и забрани да продолжи да работи во Газа.

    Јапонија го суспендираше своето финансирање на агенцијата на ОН, по САД, Франција, Германија, Австралија, Италија, Финска и Велика Британија.

    Јапонските власти изразија загриженост, како што се наведува, „поради наводната вмешаност на персоналот на УНРВА во терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година“.

    „Затоа, Јапонија одлучи да го прекине финансирањето на UNRWA“, се вели во соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи.

    Токио, како што е најавено, ќе продолжи да „вложува дипломатски напори за подобрување на ситуацијата во Појасот Газа и што поскоро смирување на ситуацијата со давање поддршка на други меѓународни организации“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img