Страшни сцени беа видени пред „Штарк арената“ по натпреварот од 23. коло во Евролигата меѓу Партизан и Жалгирис.
Непознати напаѓачи, хулигани со палки и фантомки, напаѓале и тепал навивачи кои излегувале од најголемата српска сала, пишуваат тамошните медиуми.
Во еден момент настанал општ хаос и стампедо, а луѓето панично бегале на сите страни. Не се знае кој стои зад овој напад, ниту каде била полицијата по натпреварот на кој присуствувале околу 20.000 навивачи.