Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди јужниот дел на Гватемала, соопштија локалните власти, додавајќи дека нема извештаи за жртви.
Земјотресот е регистриран во петокот во 23:52 часот по локално време, со епицентар во Тихиот Океан, соопшти Институтот за сеизмологија на Гватемала.
Земјотресот бил на длабочина од 48 километри и бил почувствуван на југот на земјата, како и во туристичкиот град Антигва Гватемала.
„Засега нема информации за жртви и штети“, изјави за новинарите портпаролот на Цивилната заштита Родолфо Гарсија.