Од Студентски отпор најавуваат протести, бидејќи, според нивните информации, надлежните институции планираат зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: додипломски, постдипомски и докторски студии.
Сумата за партиципација која се споменува е речиси двојно поголема од досегашната која ја плаќаат студентите. Исто така покачувањето на партиципацијата е главна точка на дневниот ред на сите факултетски студентски собранија.
„Како најавтентична студентска организација која ги застапува правата на студентите, ова сериозно не загрижува затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на оние посиромашни и студенти од социјално ранливи категории.
Апелираме итно да се повлече овој предлог и оваа идеја, во спротивно ќе мора да се гледаме на улиците како што тоа го правевме кога сакаа да го укинат оброкот. Повлекување одма – или протест!“, порачаа од Студентски отпор