More

    Европа размислува да ја изолира Будимпешта со „нуклеарна опција“

    spot_img

    Не е јасно дали словачкиот премиер Роберт Фицо ќе му биде лојален на унгарскиот колега Виктор Орбан доколку Европската Унија ја стави на гласање опцијата Унгарија да биде суспендирана од гласање за одлуките на Унијата преку членот 7, пишува бриселски „Политико“.

    Политико пишува дека пет европски претставници и дипломати рекле дека другите земји се подготвени да преземат драстичен чекор aко Будимпешта следната недела ја блокира помошта од 50 милијарди за Украина на Унијата. Ако биде активиран членот 7, тоа би претставувал историски потег бидејќи тоа е најтешката можна санкција.

    „По долгогодишен трпелив пристап кон унгарскиот премиер Виктор Орбан, овојпат европските дипломати даваат сигнали дека опцијата за исфрлање на Будимпешта од процесот на гласање во ЕУ веќе не е незамислива доколку тоа ја загрозува безбедноста на Украина, земја кандидат за членство во ЕУ“, се вели во статијата.

    Стивен Ван Хеке, професор по европска политика на Универзитетот во Лувен вели дека „јасно е дека на шефовите на држави и влади им е преку глава од Орбан. Време е Орбан да сфати дека заканата за членот 7 сега е реална“.

    Орбан ги вовлече европските лидери во играта, изјавил друг европски дипломат.

    – Сега малку губиме. Се вративме во игра и се прашуваме што сака тој? Зошто да се грижиме да спасиме нечие лице – рече дипломатот.

    Некои земји од Централна и Источна Европа стравуваат да се повикаат на членот 7, рекоа неколку дипломати, бидејќи се загрижени дека во иднина би можеле да се соочат со слична контрола на прашањата за владеењето на правото дома.

    Дали ако се изгласа санкцијата, Унгарија дополнително ќе се сврти кон Москва?

    – Ризикот од реакција постои и во самата Унгарија. Суспендирањето на унгарските избирачки права дополнително ќе ја оддалечи Унгарија од Европската унија – рече Петер Креко, директор на Институтот за политички капитал со седиште во Будимпешта.

    Но, „Политико“ пишува и дека влијанието на унгарскиот премиер врз европската политика најверојатно ќе зајакне по изборите за Европскиот парламент во јуни, кога се очекува да се зголеми популарноста на десничарските групи, што всушност ќе го доближи до центарот на моќта.

    Во парламентарната дебата минатата недела, унгарскиот пратеник Балаш Хидвеги од партијата на Орбан се потсмеа на идејата, велејќи дека таа „го копа гробот на Европската унија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img