More

    Украина со своја теорија за падот на воениот авион „Иљушин ИЛ-76“

    spot_img

    Фрагменти од нешто што личи на проектил се пронајдени на местото на падот на рускиот воен авион во регионот на Белгород, објави денеска руската агенција ТАСС, повикувајќи се на итните служби. Русија соопшти дека Украина соборила авион кој превезувал украински воени заробеници за размена.

    Украина не негираше дека го соборила тој авион. Но властите во Киев објавија дека од Москва не добиле никакво известување за обезбедување на воздушниот простор и изразија сомневање дека Русија ги користела украинските заробеници како жив штит за пренесување оружје и муниција.

    -Не добивме ниту писмено ниту усно барање од Русија за обезбедување на воздушниот простор околу областа Белгород каде се урна рускиот воен транспортен авион – изјави за Радио Свобода портпаролот на украинската воена разузнавачка служба, Андриј Русов.

    Русија соопшти дека воениот авион „Иљушин Ил-76“ превезувал 65 заробени украински војници. Јусов рече дека Киев нема доволно докази за да верува во тоа.

    – За жал, можеме да претпоставиме различни сценарија, вклучително и провокација, како и употреба на украински затвореници како жив штит за транспорт на муниција и оружје за системите С-300 – рече портпаролот на украинската воена разузнавачка служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img