More

    Врховниот суд на САД не забрани извршување на егзекуција со азотна гипоксија на осуденик на смрт од Алабама

    spot_img

    Врховниот суд на САД не забрани извршување на егзекуција со азотна гипоксија на осуденик на смрт од Алабама. Егзекуција со гасот азот е нетестиран начин на усмртување со низа негативни законски реакции а го исkритикува и Канцеларијата за човековите права на Обединетите Нации.

    Смит (58) е на пат да стане првиот осуденик во САД, и во светот, усмртен со азотна гипоксија.

    Судиите од Врховниот суд ги отфрлија аргументите од неговите адвокати дека би било противуставно државата да изврши врз него егзекуција по втор пат по неуспешната смртоносна инjекција во 2022 година.

    Смит исто така побара од апелациски суд во САД да ја блокира неговата егзекуција. Судот не се произнесе. Постапката е закажана да се одржи на 25 јануари. Тој се соочува со смртна казна по неговата улога во извршување на платено убиство на сопруга на свештеник во округот Колберт, Алабама во 1988 година.

    Азотна гипоксија е процес во кој чист гас азот се вдишува во доволна голема концентрација до точка кога организмот целосно се лишува од кислород и доаѓа до задушување. Тоа е алтернативна форма на смртна казна одобрена од седум сојузни држави како Алабама, Мисисипи и Оклахома, наспроти двата останати метода – инјекција со смртоносен коктел или електричен стол, според Информациски центар за смртна казна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img