More

    Собрани се пари за Пале ќе се плати долгот кон ЕВН

    spot_img

    За помалку од 48 часа, се собрани 42.750 денари кои ќе бидат уплатени на сметката на ЕВН за неподмирениот долг на велешанката Пале Илоска, објави на Фејсбук Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

    Тие се заблагодарија на сите кои придонеле и овозможиле велешанката повторно да има струја во својот дом.

    Поради долг од 40.000 денари Пале Илоска остана во куќен притвор во студен дом, чекајќи го судењето за убиството на нејзиниот невенчан сопруг А.Р. кое настанало по жестока расправија и насилство што било извршено врз неа.

    Илоска не можела да го подмири долгот за електрична енергија поради тоа што се наоѓа во домашен притвор, па како што пренесоа од Националната мрежа, била приморана да се грее на плинска греалка и да користи газиена ламба.

    Обвинителството во Велес поднесе обвинителен предлог дека извршила „убиство на миг“ што предизвика остри реакции од организациите за заштита на човековите права и правата на жените, кои побараа обвинението да биде нужна одбрана, затоа што сметаат станува збор за акт на самоодбрана. 23-годишната велешанка лани со нож го усмрти својот невенчан сопруг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img