Големо олеснување за превозниците е најавата дека од 1 февруари македонските и српските камиони еднаш ќе се мерат на граничните премини

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Големо олеснување за превозниците е најавата дека од 1 февруари македонските и српските камиони еднаш ќе се мерат на граничните премини. Тие очекуваат оваа поволност да ја имаат и на граничните премини со Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина со што ќе се намали времето на чекање на границите, а ќе се зголеми и протокот на граничните премини.

– Ова е добра мерка и ја поздравуваме бидејќи го намалува периодот на чекање на граничните премини. Го намалува бројот на мерења на камионите, како и проблемите кои ги имавме со различното баждарење на кантарите кога превозниците мораа да вадат дозволи за што повторно беше потребно време и се чекаше на граничните премини – вели Билјана Муратовска од Макам-транс.

Превозниците велат дека од цела Европа Балканот е тесно грло за товарниот превоз, бидејќи има многу граници на кои се чека за да се завршат сите процедури, па покрај брзата лента за камиони и едното мерење на граница ќе го забрза процесот.

– Со ова олеснување за превоз на стока за Европска Унија возилата наместо да се мерат 4 пати ќе се мерат двапати. На македонската граница и во земјата на влез во Унијата – Унгарија или Хрватска, на српските премини нема да има мерење. И обратно, српските камиони ќе се мерат на српската граница и на границата на Грција. Ако речеме дека само за мерење на границите се потребни најмалку 15 минути, времето за ова се намалува од 1 час на половина час што не е малку со оглед дека се забрзува и целиот процес на минување на границите. На превозниците им е најтешко да се движат на Балканот бидејќи има голем број граници. За времето што го трошат на границите овде би поминале стотици километри во Европа – вели Муратовска.

Според неа, во овој систем треба да се вклучат и другите балкански земји за да им помогнат на нивните превозници да станат поконкурентни на пазарот.

– Очекуваме и Албанија да се приклучи на оваа практика како членка на Отворен Балкан, а тоа да го направат и Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина за да им помогнат на сопствените превозници полесно да доаѓаат до европскиот пазар, како и до земјите од Западен Балкан. Можеби ќе се оживее и иницијативата на ЕУ од пред 14 години за поголеми олеснувања на транзитот на стоки на границите – вели Муратовска.

Според неа, ова правило не ги ослободува превозниците да бидат контролирани во земјите низ кои минуваат.

– Во Европска Унија нема вакви проблеми во транспортот, но затоа, пак, има контроли на превозниците и во внатрешноста на земјите. На пример Германија и Италија имаат подвижни ваги и вршат контроли каде што ќе оценат дека треба да го направат тоа. Тоа значи дека овој систем може да функционира и на Балканот – вели Муратовска.

Македонската и српската царинска управа деновиве потпишаа меморандум за меѓусебно признавање на белешките од мерењето на камионите таканаречени кантарски белешки со важност од 1 февруари.

- Advertisement -
Ad image

Како што беше појаснето македонските камиони ќе се мерат само на македонските премини, а српските само на српските премини. Превозниците за тоа ќе добиваат потврди кои ќе важат во двете држави.

Share This Article