Снимка на Инстаграм покажува како луѓето во градски автобус во Белград зјапаат во своите мобилни телефони додека автобусот чади. Се работи за линијата 511 за Сремчица. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека „секој ден се пали по еден автобус 511“, „Ужас“ и прашуваат дали некој ќе преземе одговорност за ваквата состојба на превозот во главниот српски град.
Возачот веднаш застанал откако избил пожарот и сите патници успеале да излезат.