Луксембург од октомври воведува новина на аеродромот за сите странски патници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Travellers, whose flights are disrupted, wait at Heathrow Airport Terminal 3, as Britain's National Air Traffic Service (NATS) restricts UK air traffic due to a technical issue causing delays, in London, Britain, August 28, 2023. REUTERS/Hollie Adams
- Advertisement -
Ad image

Луксембург воведува проверка на отпечатоци од прсти и скенирање на лицето на сите странски патници кои пристигнуваат во земјата со авион преку аеродромот Финдел.

Новиот дигитален систем за проверка на патниците (ЕЕС), кој ќе биде пуштен во употреба во октомври, вклучува отпечатоци од прсти и скенирање на лицето на сите патници кои немаат државјанство на една од земјите-членки на ЕУ.

Одлуката се однесува на сите патници на кои им е потребна виза за влез во Шенген, вклучително и земјите од регионот на Западен Балкан чии граѓани можат да останат во ЕУ до 90 дена без виза, но не и за оние кои веќе имаат дозвола за престој.

Одлуката на владата на Луксембург за новиот систем за верификација е дел од поширокиот систем на ЕУ за контрола на влезот и излезот на луѓето од Шенген зоната, што, како што претходно најави Комисијата на ЕУ, ќе доведе до укинување на печатите на пасошите. подобро откривање на измами и намалување на времето на чекање на пасошката контрола.

„Датумот на стапување во сила на новиот систем е поставен на ниво на ЕУ и моментално е 6 октомври“, изјави за Луксембург Тајмс портпаролот на луксембуршкото Министерство за внатрешни работи.

Вкупно 25 земји-членки на ЕУ, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн, се согласија да се приклучат на шемата. Надвор од него остануваат само Кипар и Ирска.

Share This Article