More

    Руски сили го гранатираа трговскиот центар „Епицентар“ во Никопол во регионот Днепропетровск предизвикувајќи пожар кој се прошири на повеќе од 4.000 метри квадратни

    spot_img

    Руски сили вчера го гранатираа трговскиот центар „Епицентар“ во Никопол во регионот Днепропетровск предизвикувајќи пожар кој се прошири на повеќе од 4.000 метри квадратни, соопштија украинските власти.

    Во моментот на нападот трговскиот центар бил празен и немало жртви.

    – Ова беше еден од најголемите трговски центри во градот, со површина од повеќе од 5.100 метри квадратни. Ги снабдуваше сите околни населби и села. Не престана да работи од почетокот на инвазијата на Украина – рече Јулија Чудновец, претставничка на „Епицентар“.

    Покрај нападот на трговскиот центар, руската армија изврши уште два напади со беспилотни летала и артилерија во областа на Никопол, пишува Украинска правда.

    – Повредена е една постара жена. Се запали станбена зграда, но службите за итна помош успеаја да го изгаснат огнот. Оштетени се шест приватни станбени куќи, три згради, автомобил и далновод – вели Серхиј Лисак, шеф на Воената управа на Днепропетровската област.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img