More

    „Посветеноста и придонесот на тимот, ја исполнуваат визијата. Ако го нема тоа, не би постоел успех!“ – Митко Атанасов, раководител на платен промет, сектор финансии и сметководство

    spot_img

    „Посветеноста и придонесот на тимот, ја исполнуваат визијата. Ако го нема тоа, не би постоел успех!“ – Митко Атанасов дел од тимот на СН Осигурителен Брокер

    Упорност, амбиција и љубов кон работата. Тимот на СН Осигурителен Брокер е оној кој стои зад оваа визија. Заедно креираме успешна приказна, а резултатот кој не позиционира како лидер во пазарот на осигурувањето е евидентен. Едно би нагласиле. Бројот на клиенти на нашата компанија постојано расте. Тоа значи дека тие имаат доверба во поглед на нашите услуги. Од давање на понуда до исплата на штета.

    СН Осигурителен Брокер е големо семејство, а еден ваков успех не би бил, доколку не е тимот. Денес, петочно, разговараме со Митко Атанасов, дел од тимот на СН Осигурителен Брокер, раководител на платен промет – сектор финансии и сметководство.

    Митко од кога си дел од тимот на СН Осигурителен Брокер и како е да ја работиш оваа професија?

    6 Јануари 2017 година е датумот кога станав член на семејството на СН Осигурителен Брокер. Имено моите студии ги завршив на Економски Факултет во Прилеп – сметководство, финансии, ревизија. Имав голема среќа што имав можност да бидам дел од канцелариите на оваа компанија. СН Брокер за мене беше вистински предизвик и чекор кој морав да го преземам. Имено, сега сум овластен сметководител и брокер. А за мојата работа, можам да речам дека ја сакам, па токму затоа не ми претставува тешкотија.

     

    тимот на СН Осигурителен Брокер

     

    Индивидуалец или во тим?

    Се разбира во тим. Доколку немаме соработка со колегите, се разбира исходот, резултатот не би бил позитивен. Концептот на нашиот тим е тоа што се движиме заедно и сме поврзани. Тимот е синџир и доколку една алка не функционира, цела визија може да пропадне. За грешките да не се случуваат, мораме да сме одговорни, претпазливи и да комуницираме едни со други. Да ги најдеме проблемите, да најдеме солуција и решение и да ги слушаме барањата на клиентите. Доколку некој акцентира проблем, според нас, задолжително е истиот да се разгледа. Треба да се размислува гласно, затоа што и од навидум најмалата идеја, може да се креира голема можност и бизнис план кој ќе таргетира уште поголеми цели.

    Сметаш ли дека сѐ е до среќата или секогаш ни треба „тој“ план?

    Верувам во среќа. Но, од тука верувам и во непредвидливост. Колку и некогаш да е блиску до тебе таа среќа, може нешто да ја сопре да се движи на кај тебе. Понекогаш колку и да чекориш со брзо темпо, може да се случи непредвидлива ситуација. Токму поради овие причини, сметам дека како индивидуи и целокупно општество, треба да бидеме свесни за тој ризик и да го осигураме сето она што ни значи, што сме го граделе и постигнале.

    Кој е Митко надвор од канцеларијата? Што има постигнато зад од оваа врата и што е она што му значи? А меѓу редови, ќе ни откриеш ли како се релаксираш? Имаш ли одредено хоби?

    Исполнет и семеен човек. Оженет со две деца и секогаш позитивен. Семејството е она што најповеќе ми значи. Инаку надвор од оваа врата, како хоби можам да издвојам дека се опуштам со пинг понг. Човек мора да има нешто кое навистина ќе го релаксира и за момент ќе му ги избристри мислите, ќе го исполни со нова енергија и ќе го подготви за нови обврски.

    Мото кое те одржува во поглед на професионалниот ангажман?

    Доколку немаш тим околу тебе, визијата не би се исполнила онака како што првично си ја замислил.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img