More

    Скопје и Софија конечно поврзани со авионска линија

    spot_img

    На Меѓународниот аеродром Скопје утрово во 09.40 часот пристигна авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“. Со ова се реализира првиот лет кој директно ги поврзува двата главни града на Македонија и Бугарија

    Со авионот во Скопје пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и од неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави.

    Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратеници. Предвидено е да се разгледаат можностите и да се дефинираат деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети што ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави.

    Авионското поврзување меѓу Скопје и Софија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија  премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков по првата средба во Скопје на 18 јануари годинава. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img