More

    Дејвид Бекам ја покажа штетата што невремето ја направи на неговиот имот

    spot_img

    Големата бура Хенк ја погоди Англија, а поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (48) сподели каква штета нанела на неговиот селски имот во Котсволдс.

    Тој објави фотографија на која се гледа како ветрот откорнал големо дрво од земја.

    „Можеше да биде и полошо“, напишал Дејвид, а на посреќната страна подоцна ги фотографирал кокошките кои Викторија му ги подари за Божиќ.

    Инаку, Дејвид и сопругата Викторија ја купија својата селска куќа во декември 2016 година за 6 милиони фунти. На тој имот имаат сауна, базен, фудбалско игралиште, теретана…

    Да потсетиме, пред неколку месеци беше објавен документарен филм за популарниот фудбалер, во кој тој во четири епизоди зборува за својот живот, фудбалот и љубовта со дизајнерката, сопругата Викторија.

    Неодамна, Викторија на социјалните мрежи сподели фотографија од Дејвид во боксерки како го поправа телевизорот.

    „Нема на што“, напишала Викторија во описот.

    Глетката на познатиот фудбалер како полугол лежи на подот и го поправа телевизорот не ги остави рамнодушни неговите обожавателки.

    Дејвид годинава заработи 72 милиони фунти (околу 82 милиони евра) по објавувањето на исклучително успешната документарна серија „Бекам“ на Нетфликс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img