Пред десет дена земјите на Г7 на таен самит разговарале за можна мировна формула во Украина, тврди шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за „Спутник“ и „Русија 24“. Тој вели дека на тајниот самит „не учествуваа сите земји од светското мнозинство бидејќи некои ја одбија поканата“, пишува Риа Новости.
– Но, средбата се одржа во целосна тајност, никаде не беше објавено ништо за тоа, немаше истекување на информации – рече Лавров.
Лавров тврди дека земјите од Г7 зборувале за т.н. формула на Зеленски од 10 точки која сакаат да ја прифатат во целост.
– Што и да беше напишано таму (на самитот) како „вињетки“: безбедност на храната, енергетска безбедност, што е најважно – „Русија, да оди на границите од 1991 година, да се отстапи Крим, откажете се од Донбас“… Западот вели: еве ги десетте точки на Зеленски, ниту чекор на страна, не лево, не десно, не назад – само напред. Одобри ги (точките на Зеленски) такви какви што се – вели тој во интервјуто.
Лавров изјави и дека блиските сојузници и соработници на Москва кои учествувале на тој состанок никому не му ветиле дека прашањата поврзани со Русија ќе ги чуваат во тајност.
Лавров рече и дека земјите од Г7 се договориле да одржат уште една средба во јануари, а во февруари ќе се одржи мировен самит на кој ќе ја одобрат формулата на Зеленски.
Тој изјави дека Русија е „решена“ да ги постигне своите цели во војната во Украина и додаде дека стратегијата на Западот да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија целосно пропаднала.
Западот навистина ја менува својата тактика, можеби дури и размислува за појасна стратегија.
Шефот на руската дипломатија додаде дека, како што рече, повеќе не е можно да се запре патот кон поправеден економски поредок.
– На самитот на БРИКС беше поставена многу јасна задача, дури и барање, за членките на БРИКС и другите земји во развој економски и финансиски да растат – рече тој.