На Суперстар каналот пристигнува новата, втора сезона од хит серијата „Азбука на нашиот живот“ во продукција на Телеком Србија и продукциската куќа Contrast Studios.
Серијата, која е снимена според мотивите на романот „Азбука на мојот живот“ и „Машка азбука“ на познатата српска писателска Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, ни ја раскажува приказната за еден современа брачна двојка од Белград, Весна и Урош Поповиќ. Но, серијата е повеќе од приказ на еден брак, говори за љубовта, пропуштените животи, отрезнувањето и покајувањето, за епидемијата од разводи, осаменоста на современиот човек и обидите да се зграби барем еден мал дел среќа.
„Во втората сезона на „Азбука на нашиот живот“, серијата обработува една исклучително значајна и глобална тема за партнерското психичко злоставување во кое речиси незабележливо се вплеткува главната хероина, Весна. Откако Весна и Урош се разведуваат, секој почнува своја нова приказна. Но, токму кога ќе помислат дека се смирува, животот им покажува дека не е баш така. Напротив, во нивните животи се формира бура каква што не ни сонувале. Дека можеме да очекуваме вистинско уживање во новите епизоди ветува и составот на актерската екипа од која дел повторно се Александра Јанковиќ, Јадрана Малковиќ, како и Небојша Миловановиќ, Исидора Симијоновиќ и Анжелка Прпиќ“, велат од МТЕЛ.
Премиерата на втората сезона, која вклучува 11 епизоди, е од 4 јануари на Суперстар каналот по што ќе се прикажува секој работен ден од 21 часот.
Суперстар каналите се дел од понуда на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ преку пакетите за стриминг платформата Move TV или сателитската телевизија mSAT TV.
Повеќе информации за како да уживате во ексклузивните содржини на Суперстар каналите може да дознаете на mtel.mk.