Велика Британија денеска предупреди дека безбедносната ситуација во Црвеното Море се влошила поради вооружените дејствија на јеменските Хути. Во соопштението се наведува дека разурнувачот ХМС Дајмонд на британската Кралска морнарица се приклучил на новата меѓународна група за заштита на бродарството во тој регион.
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска изјави дека и италијанската морнарица ќе помогне во заштитата на бродските рути во Црвеното Море и ќе испрати еден од воените бродови.
– Италија ќе го направи својот дел заедно со меѓународната заедница да се спротивстави на терористичките активности на дестабилизација – рече Крозето.