Вишиот суд во Смедерево му го продолжи притворот за уште 30 дена на Урош Б, осомничен за убиство на девет и рани 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје на 4 мај.
Продолжен е и притворот на неговиот татко Радиша Б, вујко Горан Г. и чичко Борис Г., соопштија за Танјуг во Вишиот суд од Јавното обвинителство во Смедерево.
Како што прецизираат од Вишиот суд во Смедерево, притворот на Урош Б. е продолжен поради опасност од бегство, за да не го повтори делото за краток временски период, како и поради тоа што се товари за кривично дело за за која е пропишана затворска казна над 10 години.а начинот на извршување на делото предизвика вознемиреност на јавноста.
На неговиот татко Радиша Б. му е продолжен притворот за да не го повтори делото за кратко време и поради нарушување на јавноста, а вујко му Горан Г. и братот на вујко му Борис Г. поради нарушување на јавноста.
Нивниот притвор може да трае најмногу до 14 јануари.
Да потсетиме, Урош Б. на почетокот на мај на рочиштето во обвинителството призна дека извршил кривично дело, односно дека со автоматска пушка на три локации застрелал неколку лица кои биле во групата, а како што наведе, за да го исплаши населението од тие населени места.
Тој се сомничи за сторени кривични дела тешко убиство, недозволено изработување, држење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, како и за кривично дело грабнување.
При претрес на осомничениот и просториите што ги користел, пронајдена е поголема количина оружје и муниција, додека при бегство од местото на настанот, пријавениот му се заканил дека ќе го убие таксистот и го принудил да го однесе во село на територијата на општина Крагуевац, каде бил затекнат во објект сопственост на неговиот вујко.