Израел потврди дека се убиени уште двајца заложници кои ги држела палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.
Убиството на Тал Хаими и Џошуа Луит Молел, кои ги држеше Хамас, беше потврдено од нивните кибуци, пишува Jerusalem Post.
Весникот наведува дека Тал Хаими, жител на Кибуц Нир Јозак и Џошуа Луито Молел, жител на Нахал Оз, биле убиени додека биле заложници од Хамас во Појасот Газа и дека палестинската група се уште ги држи нивните тела.
Хаими, кој беше киднапиран во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, беше дел од одредот за итни случаи испратен да го одбие нападот на Хамас додека не пристигнат засилувањата. Новите докази покажуваат дека тој бил убиен истиот ден и дека неговото тело било однесено во Газа, пишува Jerusalem Post.
Молел, студент по земјоделство од Танзанија, пристигнал во Израел две недели пред нападот на Хамас и работел како млекар во Кибуц Нахал Оза.