Групата Хамас и Израел постигнаа договор за ослободување 150 затвореници, жени и деца помлади од 19 години, во замена за четиридневен хуманитарен прекин на огнот. Хамас ја соопшти веста на својот канал на Телеграм. Движењето вели дека „ по концентрираните напори за посредување на Катар и Египет“ и „со помош и благослов од Семоќниот Алах“ договор е постигнат.
Истовремено, Израел објави список на 300 Палестинци кои би можеле да бидат ослободени од израелските затвори според договорот со Хамас.
Ослободувањето ќе се одвива во две фази, со повеќе фази во секое ниво. Во првата фаза, Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници откако 50 заложници на Хамас ќе бидат вратени во Израел. Ова ќе се одвива во четири фази, при што во секоја фаза ќе бидат ослободени најмалку 10 заложници.
Катар, кој посредуваше во договорот меѓу Израел и Хамас, претходно соопшти дека „број на палестински жени и деца приведени во израелските затвори“ ќе бидат ослободени во замена за 50 заложници.
Меѓу одредбите е и влез на стотици камиони со хуманитарна помош, гориво, медицински резерви и на северот и на југот на Газа. Исто така воздушниот прекин во Газа ќе биде прекинат шест часа дневно (од 10 до 16 часот) за време на тие четири дена.
Американскиот претседател Џозеф Бајден го поздрави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „што обезбеди поголема хуманитарна помош да стигне до Газа како дел од договорот“. Бајден смета дека тоа „ќе ги олесни страдањата на невините палестински семејства во Газа“.
Претставничка на Хјуман рајтс воч вчера за Би-Би-Си изјави дека има речиси 7.000 Палестинци во израелски притвор, вклучувајќи 200 жени и околу 60 деца.
Некои од децата биле приведени за „релативно помали прекршоци како фрлање камења“, изјави програмската директорка на ХРВ Сари Баши за програмата „Њузаур“ (Newshour).
Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани изрази надеж дека договорот ќе воспостави „сеопфатен и одржлив договор“ кој „ќе стави крај на војната и крвопролевањето“.