Видео од деца во Израел кои во песна го слават „уништувањето“ во Газа ги разбуди страстите на социјалните мрежи. Контровернзата и шокантна песна која била продуцирана од организацијата која себеси се нарекува „Граѓански фронт“ доби негативни коментари во Израел.
Се работи за извртување на текстот на класичната поема поема HaReut (Заедништво), напишана од поетот Хаим Гури за настаните од Војната за независност на Израел во 1948 година, пишува ТајмсОфИзраел.
„Израелските деца пеат геноцидна песна за Газа“ и „Вака ли ги воспитуваат своите деца?“, беа некои од коментарите.
„Веројатно и самиот Гури, кој цел живот беше левичарски активист, ќе беше незадоволен од новата верзија на песната. Навистина се надевам дека неговите наследници… ќе тужат и ќе ве натераат да ја избришете оваа работа“, напиша еден корисник на Твитер.
Еден корисник на Твитер му ја постираше песната како одговор на Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН, кој напиша дека „од криза во криза, на децата ширум светот им се одземаат животите и иднината“.
Истовремено, израелската страна постојано објавува примери од антисемитизам низ светот. Во неодамнешна објава Израелските одбранбени сили ИДФ објави како наводно изгледа насловната слика од книга во библиотека во Ал-Кудс во Газа чиј наслов ја извртува вистината за Холокаустот.
„Под власта на Хамас, училишните програми промовираат екстремистички антисемитски практики – повикувајќи на геноцид врз еврејскиот народ. Ова е уште еден пример за вистинската идеологија на Хамас – и уште една причина да ја разбиеме“, се вели во објавата.