На 10 март 2024 година ќе се одржи 96-тото доделување на Оскарите, традиционално во театарот „Долби“ во Холивуд.
Џими Кимел ќе се врати на сцената по четврти пат како водител на Оскарите. Познатиот водител и комичар ќе биде домаќин на 96-то доделување на Оскарите, а неговата сопруга Моли МекНирни ќе биде извршен продуцент на телевизискиот пренос.
„Отсекогаш сонував да бидам домаќин на Оскарите точно четири пати“, се пошегувал Кимел, а извршниот директор на Академијата Бил Крамер и претседателката на Академијата Џенет Јанг изјавиле дека се „задоволни што Џими ќе се врати како водител, а Моли како извршен продуцент“.
Инаку, поради штрајкот во Холивуд се шпекулираше за потенцијално одложување на датумот на доделувањето на Оскарите, но сега се знае дека доделувањето на наградите ќе се одржи според планираниот датум, 10 март 2024 година.