More

    Холивудскиот актер и поранешен американски гувернер Арнолд Шварценегер е во љубовна врска со унгарската актерка Тимеа Паласцик

    spot_img

    Холивудскиот актер и поранешен американски гувернер Арнолд Шварценегер е во љубовна врска со унгарската актерка Тимеа Паласцик, потврдил извор за „ЈуЕс викли“.

    „Арнолд ужива во својот живот и излегувања, но многу му се допаѓа Тимеа. Тие се уште официјално не потврдиле дека се заедно, но неговите пријатели гледаат како е со неа и мислат дека ќе биде наскоро“, изјавиле неименуван извор, нагласувајќи дека 76-годишниот Шварценегер и 41-годишната Паласцик се запознале преку заеднички пријатели.

    Според инсајдерот, Шварценегер и Паласцик „извесно време биле во иста орбита“ поради нивното слично потекло, објави „ЈуЕс викли“.

    „Тие многу добро се согласуваа од моментот кога се запознаа. Не брзаат, одат полека во нивната врска, но се многу сладок пар и секогаш се смеат. Таа го подмладува“, додал изворот.

    Шварценегер и Паласцик, сопственичка на ресторанот во Лос Анџелес, „Ноба Будимпешта“ и актерка во „Чудесна жена“, се во врска од почетокот на овој месец. Новопечената двојка е забележана како се бакнува во текот на неделното возење велосипед на 12 ноември во Венис Бич, Калифорнија.

    Шварценегер последен пат бил во врска со физиотерапевтката Хедер Милиган која започнала во 2012 година, иако не е познато кога раскинале. Тој претходно беше во брак со Марија Шрајвер од 1986 до 2011 година. Поранешниот гувернер на Калифорнија и 68-годишната Шрајвер имаат четири деца: Кетрин, Кристина, Патрик и Кристофер. Шварценегер е исто така татко на синот Џозеф, кој го дели со поранешната куќна помошничка Милдред „Пати“ Баена. Во текот на бракот со Шрајвер, Шварценегер имал афера со Баена која сега има 62 години и со неа добил син.

    Шварценегер и Шрајвер конечно го финализираа својот развод во декември 2021 година, шест месеци пред да постигнат спогодба. Тие се договорија Шрајвер да добие половина од пензионерските сметки на Шварценегер.

    По разделбата, Шварценегер и Шрајвер ги оставија своите проблеми настрана за заедно да ги одгледуваат своите деца и внуци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img