Далас Маверикс победија против Вашингтон Визардс 130:117, а Лука Дончиќ постигна 26 поени, од кои 13 во првите шест минути игра.
Најдобриот настап за Маверикс го имаше Тим Хардавеј Јуниор. со 31 поен Вашингтон го предводеше Кајл Кузма со 22 поени.
Словенечкиот кошаркар по натпреварот ги критикуваше новитетите во НБА, осврнувајќи се на подлогата на која се игра НБА купот. Челниците претходно одлучија подот на тој турнир да биде обоен поинаку, за да се разликува од редовните НБА натпревари.
„Паркетот беше многу лош и имаше неколку места каде топката воопшто не се одбиваше. Исто така, беше лизгаво. Ако веќе ќе имаме такви подлоги, барем направете го тоа да се игра нормално“, коментира Дончиќ за Dallas Morning News.