More

    Претседателот на Република Српска му раскажал на Вучиќ за „притисокот од Западот“

    spot_img

    Додека САД го санкционираа претседателот на Република Српска Мирослав Додик и неговите деца Горица и Игор, Додик јадеше хамбургер со помфрит во новоотворената железничка станица во Белград заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, српската премиерка и министерот Синиша Мали.

    Според зборовите на Вучиќ, Додик го информирал за „последниот притисок од западните сили“.

    „Останав да разговарам со моите пријатели. Ана оди на дискусија за Косово во ОН, претседателот Додик ме информираше за последните настани во Република Српска и притисокот од западните сили, ги информирав сите за утрешната средба со земјите од големата Петорка(Квинтата), а Синиша Мали најмногу се грижи како да ја плати сметката за хамбургерите. Додуша, му додадовме и крофни и колачи, само сметката да не му биде мала“, напиша претседателот на Србија.

    Денеска американското министерство воведе нови санкции против Додик. Во образложението, министерството наведува дека санкциите се воведени против „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“ и други поединци и субјекти кои се поврзани со него.

     

    Горица и Игор Додик, ќерката и синот на претседателот на Република Српска, од денеска се на списокот на Министерството за финансии на САД. Горица Додик често ја брани политиката на нејзиниот татко на социјалните мрежи и со навреди ги напаѓа неговите политички противници, додека Игор Додик е член на Главниот одбор на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), партијата што неговиот татко ја води од 1996 година.

    Ресторанот „Агапе“ во сопственост на Горица и Ивана Додик, компанијата „Агровоќе“ поврзана со Горица, компанијата „Фрут Еко“ поврзана со Игор Додик и компанијата „Глобал Либерти“ поврзана со Игор се под санкции.

    САД исто така воведоа санкции против Додик на 5 јануари 2022 година, како и во јули 2017 година поради попречување на Дејтонскиот мировен договор. Коментирајќи го воведувањето санкции за неговите деца, Додик изјави дека тоа нема да го одврати од неговата досегашна политика и дека ќе продолжи да се однесува на ист начин доколку САД воведат санкции и за „неродените деца“ во неговото семејство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img