More

    Израел побарал евакуација, Црвената полумесечина повика да се спречи нов масакр

    spot_img

    Палестинската Црвена полумесечина упати „итен апел“ нагласувајќи дека „добила закана од окупаторските власти дека ќе биде бомбардирана болницата Ал Кудс“ во северниот дел на Појасот Газа.

    „Израелското предупредување „бараше“ евакуација на болницата, што ќе влијае на повеќе од 400 пациенти и 12.000 раселени лица кои побараа „безбедно засолниште“, соопшти групата.

    „Израел ги предупреди денеска хуманитарните групи во Појасот Газа да евакуираат голема болница и пет училишта пред потенцијален напад“, соопштија хуманитарните агенции.

    „Ја повикуваме меѓународната заедница да преземе итна акција за да спречи уште еден масакр сличен на она што се случи во Баптистичката болница Ал-Ахли“, се додава во соопштението.

    Агенцијата на ОН за палестински бегалци, УНРВА, паралелно соопшти дека од Израел добиле известување да евакуираат пет училишта „што е можно побрзо“.

    Сите училишта се во градот Газа, блиску до болницата.

    „Направивме сè што можевме за да протестираме и да ја отфрлиме оваа одлука, но тоа значи дека отсега овие објекти повеќе не се безбедни“, се вели во соопштението на УНРВА, повикувајќи ги илјадниците луѓе во и околу болниците да се засолнат.

    Властите во Газа соопштија дека повеќе од 4.100 луѓе се убиени во израелските напади, по гранатирањта од Хамас во кои загинаа 1.400 луѓе на израелска страна. Нападите беа најтешките што ги претрпе Израел од неговото создавање пред 75 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img