More

    Се огласи Скијачката федерација на Македонија

    spot_img

    Актуелниот тренер на македонската олимписка репрезентација, скијачот Антонио Ристовски цела година не се појавил на работа, а ова било толерирано од претходно раководство на Скијачката Федерација на Македонија, па тој земал плата. Ова го тврди Огњан Циговски, првиот човек на Скијачката Федерација, во своја реакција. Скандалот со Ристовски избувна вчера кога Федерацијата побара од Ристевски образложение зошто не е на работа, а тој изјави дека е на Олимпијадата. Имаше и најави за отпуштање на тренерот.

    Во продолжение го пренесуваме обраќањето на Циговски.

    „Барањето за произнесување за отсуство од работа испратено до г-дин Ристовски беше испратено и до сите вработени кои го немаат оправдано отсуството, без исклучок и без оглед на личните и приватните достигнувања во спортот. За жал новото раководство на Федерацијата затекна ваква состојба на непочитување на професионалните работни задолженија од страна на вработените што редовно, секој месец подигаат плата. Од за нас нејасни причини, ваквата состојба била за жал толерирана од претходното раководство.

    За нас е очекувано што некој, во случајов господинот Ристевски, е вознемирен што му се обраќаме писмено и преку овластени правни застапници. Навикнат да се однесува неодговорно, непрофесионално и неетички кон професионалните обврски во федерацијата, наместо да одговори зошто речиси цела година зема полна плата, а го нема на работа, г-дин Ристевски пласира невистини и дезинформации во јавноста.

    Со ваквото однесување господинот Ристевки нанесува директна штета на македонското скијање бидејќи во негова директна надлежност е реализирањето или прецизно, заради неговото неработење, на нереализирањето, на Националната Програма за развој на скијачките спортови во РСМ.

    Сега станува многу појасно зошто толку тажно изгледа учеството на само тројца олимпијци од Македонија на зимските олимписки игри во Пекинг.

    Сега знаеме и дека четвртиот македонски учесник во Пекинг, во улога на тренер, е господинот Ристовски. Тој што е лично одговорен за симболичното учество на нашата земја на Зимската олимпијада 2022.

    Новото водство на Федерацијата ќе стави крај на сите вакви и слични девијации во работењето на секој поединец.

    Претходните успеси и резултати во скијачката кариера, која сега ја продолжува како тренер, го обврзуваат господинот Ристевски, со целосна посветеност да им го пренесе своето знаење и искуство на генерациите што ги подготвува. Тука мислиме особено на фер плеј односот, колегијалноста и овозможувањето на простор за реализација на мотивациите и сонот на секој млад човек што сака да успее во белите спортови.

    За жал, наместо мотивација и масовна поддршка на многу млади таленти, г-дин Ристовски, селекторот на македонската репрезентација во алпско скијање, избрал да тренира само двајца спортисти со потенцијал да остварат забележителни Олимписки резултати.

    Скијачката федерација на Македонија нема да толерира вакво самоволие. Во нашата држава има многу талентирани деца и младинци чијашто искрена поддршка и квалитетни подготовки ќе значат многу поуспешно и позначајно учество на големите натпреварувања и резултати и успеси за Македонија во белите спортиви на задоволство на сите наши граѓани.

    За крај, ќе ја искористам оваа можност, во мое лично име да ја информирам јавноста.

    Јас, Огњан Циговски, ги демантирам лагите на г-дин Ристевски поврзани со Скијачкиот центар Маврово. Имено не само што не му е забрането на ниту еден клуб да тренира, туку на ски – терените во Маврово секојдневно има клубови кои ги одржуваат своите тренинзи и тоа е евидентно и лесно проверливо. Сите тие клубови имаат целосна поддршка од Скијачкиот центар Маврово. Исто како што го поддржувавме и нашиот најголем и најдобар алпски скијач на сите времиња, со години наназад. Затоа што веруваме дека спортот е за спортистите. Притоа не само за еден (најдобриот), туку за сите“.

    Вака стои во обраќањето на Циговски. Неговата реација доаѓа по вчерашното соопштение на тренерот Ристовски во кое изразува разочарување поради барањето образложение од страна на претседателот на Скијачката федерација на Македонија, Огњан Циговски зошто тој не се појавува на работа. Ристовски преку социјалните мрежи порача дека не може да оди на работа затоа што се наоѓа на Олимпијадата во Пекинг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img