More

    Болницата Ал Ахли е намерно бомбардирана,тврди палестински министер

    spot_img

    Министерот за надворешни работи на палестинските власти Ријад Малки го обвини Израел за намерно бомбардирање на болницата Ал Ахли во Газа и додаде дека жителите на Појасот Газа се подложени на геноцид.

    Тој за време на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Саудиска Арабија рече дека израелската армија два дена претходно ја нападнала истата болница и ги предупредила лекарите кои работеле таму, пренесува Тајмс оф Израел.

    Малки истакна дека во последните 11 дена во бомбардирањето на израелските одбранбени сили (ИДФ) загинале 1.300 деца и наведе дека меѓународната заедница му дозволува на Израел „да убива под изговор за самоодбрана“.

    Англиканскиот бискуп од Ерусалим, Хосам Наум, рече дека болницата Ал Ахли добила најмалку три наредби од израелската армија за евакуација, но дека персоналот наводно одбил да ги почитува наредбите.

    Бискупот додаде дека израелски гранати погодиле два ката од болницата, но во исто време одби да ја припише вината за експлозијата на едната или на другата страна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img