Руската армија ги зајакнува своите позиции на фронтот во Украина, вклучително и во околината на градот Авдијивка, кој беше цел на голем напад на руските војници во последните денови, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Нашите војници ја подобруваат својата позиција во речиси целата област, која е доста обемна, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за руската телевизија.
„Ова се однесува на областите Купјанск, Запорожје и Авдијивка“, додаде тој и ја поздрави стратегијата за „активна одбрана“ на неговата армија.
Изјавите на Путин следуваат по изјавата на руската армија дека постигнала напредок во таа област и е решена да ја заземе Авдијивка.
Во областа околу линијата на фронтот кај Авдијивка, има пожестоки судири од почетокот на руската инвазија на Украина. Во Авдијивка, украинските војници воспоставија силна одбранбена позиција, која Русите се обидуваат да ја освојат од почетокот на воената кампања, за да го намалат притисокот врз Доњецк.