Нутриционистот кој стои зад популарниот канал TikTok „Balance Bible“ откри навидум нормални работи што може да укажуваат на труење со мувла.
Вишокот на влага доведува до мувла. Произведува алергени, надразнувачи и токсични материи. Можеме да бидеме изложени на мувла и преку храната што ја јадеме. Некои вообичаени „виновници“, вели нутриционистот, се јаткастите плодови, сирењата, алкохолот, пченицата, сувото овошје, соја сосот и старите зачини.
Одредени предупредувачки знаци на труење со мувла вклучуваат алергиска реакција (кивање и течење на носот), насолзени очи и осип на кожата со чешање, како и метален вкус во устата.
„Важно е да се спречи таложење на влага во домот. „Доколку во вашиот дом има влага и мувла, поголема е веројатноста да имате респираторни проблеми, респираторни инфекции, алергии и астма“, објасни нутриционистот.
Влагата и мувлата можат да влијаат и на имунолошкиот систем. Вдишувањето или допирањето мувла е опасно за бебињата, постарите лица, оние со проблеми со кожата и луѓето кои страдаат од респираторни проблеми како што се алергии и астма, пренесува Index.hr.